Политика на приватност
Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на Интернет страницата topcena.mk и кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово.
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово како давател на услугите на Интернет страницата topcena.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои информации ги собира ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово и како истите ги користи.
Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со приватноста на податоците можат да испратат e-mail на следната адреса: [email protected]
Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет сраница, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците и начинот на примена од страна на topcena.mk интернет страницата.
Доколку крајниот корисник не се сложува со оваа Изјава на приватност, го упатуваме крајниот корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи Интернет страницата topcena.mk
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово може да ја промени оваа изјава на приватност во било кое време со објавување на изменетиот текст на изјавата на приватност на податоците во делот “Изјава на приватност„ на Интернет страницата. Измената на изјавата на приватност стапува на сила веднаш по објавата на Интернет страницата topcena.mk
Секој Краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во Изјавата на приватност. Продолжување на користењето на оваа Интернет страница од страна на Крајниот корисник по стапување на сила на измените, подразбира дека Крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата Изјава на приватност
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово собира информации кои што го идентификуваат специфичиот Краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на topcena.mk Интернет страницата, како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово може да побара од Крајниот корисник одредени информации за него како што се име и презимe, адреса (вклучувајќи и поштенски број), емаил адреса, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација и други поврзани информации.
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово или нивниот давател на услуги за испорака на производите, може исто така да побара од Крајниот корисник увид во неговата лична карта, односно да побара согласност за скенирање на личната карта во моментот на испорака на пакетите при превземање на производите лично од страна на Крајниот корисник со цел да се евидентира кој го превземал пакетот т.е приложување на тој документ за Евиденција на купувачот.
Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот корисник. Ако Крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност.
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово нема да ги споделува личните податоци на Крајниот корисник со надовершни страни освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат законските прописи.
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово ќе ги користи личните податоци за испраќање и диструбиција на административни и промотивни емаил пораки, анализа на податоците, обработка на плаќањата со кредитни картички.
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово може да ги сподели личните податоци на Крајниот корисник со давателот на услугата за испорака на производите за исполнување на нарачките, испорака на пакетите, испраќање на пораки и емаил пораки.
Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги нуди
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово. Крајниот корисник може да промени било кој од своите лични податоци со испраќање на емаил порака на [email protected] . Во таа емаил порака Крајниот корисник треба да го наведе своето име и презиме, адреса и емаил адреса т.е информациите кои што сака да ги промени или надополни.
Како услов за купување на производите на ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово, ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово бара дозвола од Крајниот корисник за испраќање на Административни и Промотивни емаил пораки. Доколку Крајниот корисник не сака да добива емаил пораки во било кое време по регистрацијата може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на емаил пораки со испраќање на емаил порака на [email protected] или со одбирање на опцијата откажување од пораки која што се наоѓа на секоја испратена порака.
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово сериозно ги зима во предвид заштитата на податоците и превземени се различни мерки на претпазливост за да се заштитат личните податоци. Нажалост, ниту еден пренос на податоците преку Интернет или било која бежична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица од тоа, иако
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово спроведува комерцијално разумни мерки за заштита на податоците не може да гарантира заштита на било која информација пренесена на, или од topcena.mk Интернет страницата т.е не е одговорен за активностите на било која трета страна која ќе ги прими тие информации.
Малолетните помлади од 14 години не смеат да ја користат Интернет страницата topcena.mk.
ТОП ЦЕНА ДООЕЛ Куманово не прибира или задржува информации од било кого кој што е помлад од 14 години затоа ниту еден дел од оваа Интернет страница не е дизајниран на начин да привлече било кого кој што е помлад од 14 години.