Како да купам?

Како да купам?

Процесот на купување на ТОПцена.мк е брз и едноставен. Следете ги чекорите подолу за да направите успешна нарачка. 

Во случај на проблем или нејасност ве молиме контактирајте не на емаил адресата [email protected] или на телефон. Нашиот тим е секогаш тука за Вас.

1) Додадете производ во кошничка

Одберете производ и кликнете на ‘Повеќе…’ Во ново отворениот прозорец кликнете ‘Додади во Кошничка’ и производот ќе биде додаден во кошничката.

За некои производи ќе треба да одберете боја или димензија пред да ги додадете во кошничката.

2) Внесете ги вашите податоци за нарачка

Продолжете до вашата кошничка, потврдете дека сите производи се во ред и кликнете ‘Продолжете кон плаќање’.

Ако сте постоечки корисник најавете се, ако не тогаш внесете ги вашите податоци за плаќање и достава. 

Изберете го начинот на плаќање и потврдете ја нарачката.

3) Добивате потврда за нарачката на емаил

Ќе добиете емаил порака која ќе ја потврди вашата нарачка и вашите пристапни податоци.

Нашиот тим ќе ве контактира во најкраток можен рок за деталите околу нарачката.

4) Достава до Вашиот дом

Нарачаните производи ќе ви бидат доставени во најкраток можен рок.

Ако имате какви било прашања во врска со нарачката, контактирајте не преку емаил или телефон.