Најчесто поставувани прашања од нашите корисници
За да ја избришете вашата сметка и сите ваши податоци заедно со нарачките контактирајте не и вашето барање ќе биде процесирано во најкраток можен рок.
Се разбира. Контактирајте не со шифрата на вашата нарачка и нашиот тим ќе ви помогне во процесот на реализирање на вашето барање.
Секако. Во рок од 15 дена од купување на производот можете да го вратите или замените за друг. Мора да ја имате сметката и производот да не биде оштетен. Повеќе информации за враќање на производ можете да добиете на следниов линк.
Дента за доставата курирот ве контактира на оставениот телефонски број и со него се договарате кога и каде ви одговара. Доколку не сте во можност лично да ја примите пратката, по договор со курирот може да ја прими трето лице.
Сите производи се исти како што се прикажани на сликата. Нашиот тим ги слика производите 1 по 1 за да ги прикаже во вистинско светло.
Најавете се во системот. Одете до вашиот профил. Десно на менито изберете ‘Податоци од профилот’. На страницата се наоѓа полето за промена на Вашата емаил адреса.
Најавете се во системот. Одете до вашиот профил. Десно на менито изберете ‘Податоци од профилот’. На страницата се наоѓа полето за промена на Вашата лозинка. За да ја промените лозинката мора да ја знаете старата лозинка исто така.
За да го проверите статусот на вашата нарачка, најавете се на вашиот профил, од десна страна на менито изберете ‘Статус на Нарачка’ или следете го овој линк. Внесете ја шифрата на нарачката и вашата емаил адреса и кликнете Барај.
При купувањето со нас имате 100% заштита при плаќањето и производот.
Плаќањето може да го вршите во моментот на достава или со онлајн картичка преку познатиот Касис систем и Стопанска Банка. Сите податоци се процесираат на заштитена врска и сервери. Во ниеден момент ние не зачувуваме податоци од вашата картичка.
Во врска со производот ви нудиме 15 дена рок за да го вратите ако не сте задоволни без никакви прашања.
Сите наши пратки се испратени преку брзата пошта ‘Експрес Пошта’.
Оваа состојба може да настане од повеќе причини. Ве молиме проверете ја вашата интернет конекција, ресетирајте ја страницата и обидете се повторно (производите се сочувани). Доколку пак ја добиете истата грешка ве молиме контактирајте не.
Во моментов поддржуваме 2 метода на плаќање. Плаќање во моментот на превземање и плаќање со кредитна картичка преку Касис системот и Стопанска Банка. За повеќе информации кликнете тука.
Во нормални околности се потребни 1- 3 работни дена да пристигне пратката. Времето на достава може да биде продолжено ако се случат некои неочекувани околности за кои ќе бидете благовремено известени.
Откако ќе го добиеме производот назад и ќе потврдиме дека е се во ред, во рок од 5 дена парите ќе ви бидат вратени на сметка.
Во случај на оштетен производ или некој друг проблем, ве молиме контактирајте не на емаил: [email protected], на чет или на телефонскиот број.
Кога производот не е на залиха во поголем број од случаите веќе е нарачан и се чека да биде пристигнат. Контактирајте не со шифрата на производот и направете бесплатна резервација. Кога производот ќе биде пристигнат, нашиот тим ќе ве контактира.
се просецира – нарачката е примена и се подготвува за испорака
испратена – нарачката е испратена се чека на превземање
завршена – нарачката е завршена, производот е примен и плаќањето е извршено
откажана – нарачката е откажана без превземање на производот
вратена – нарачката е вратена
не извршена – нарачката не е извршена од одредени причини